РЕГИСТРИРАНИ 345 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 86494, ОЗДРАВЕНИ 289 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 8 ЛИЦA

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-129, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14.

Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од: Скопје-124, Куманово-19, Штип-12, Прилеп-16, Тетово-27,  Велес-9, Битола-18,  Гостивар-10, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-7, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-3.Починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419. Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 37455, активни 10022• Куманово 4886, активни 476• Дебар 682, активни 136• Штип 3379, активни 184• Прилеп 4372, активни 384• Тетово 4870, активни 698• Струга 2094, активни 234• Велес 2867, активни 390• Битола 3112, активни 392• Охрид 2566, активни 452• Кавадарци 2286, активни 500• Гостивар 3457, активни 433• Гевгелија 1215, активни 216 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 208 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2391, активни 438• Крива Паланка 671, активни 104• Радовиш 649, активни 73• Крушево 173, активни 21• Кочани 1652, активни 169• Пробиштип 462, активни 34• Демир Хисар 239, активни 29• Македонски Брод 227, активни 13• Пехчево 165, активни 22• Берово 543, активни 68• Валандово 318, активни 34• Виница 463, активни 62• Делчево 683, активни 204 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 201, активни 16• Свети Николе 1050, активни 65• Кичево 1613, активни 179• Ресен 668, активни 114• Неготино 1085, активни 257 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 2455 теста се преку: ИЈЗ-650, ЦЈЗ Скопје-54,  Авицена-425, Биотек-245, МАНУ -105,  Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со PCR метода -428, лабораторија Лаор –197, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-29, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -81, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 417.212 тестирања на Ковид -19.

Сподели на:

Related Posts