СО КРВНА ПЛАЗМА ТРЕТИРАНИ 70 ПАЦИЕНТИ, РАСТЕ БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ДОНОРИ ЗА КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори. Со крвна плазма се третирани околу 70 пациенти. Во моментов, установата располага со 16 единици конвалесцентна плазма спремна доколку се појави потреба за третман на пациент.

-Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица кои се излекувани од коронавирус. Нивниот висок алтруизам е да помогнат на пациенти со изразена клиничка слика на COVID-19 болест. Апелирам до сите излекувани пациенти да даруваат крвна плазма за да им помогнат на пациентите кои во моментов се борат со вирусот, изјави директорот на установата, д-р Седула Усеини.

Излекуваните пациенти од коронавирусот можат да даруваат. Тие треба се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина. Да бидеме хумани, да спасиме човечки животи.

Формулар за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма: http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b5-covid-19-%d0%b4%d0%b0%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8/

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021