Клиничка болница Битола набави нова апаратура за унапредување на работата во очното одделение.
Со сопствени средства е набавен нов апарат за оптичка кохерентна томографија со ОЦТ ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото.
Процедурата е иновативна, неинвазивна и краткотрајна. Со ова, на очното одделение се отвора нов кабинет за компјутерска томографија во кој ќе работи обучен кадар по сите светски стандарди.