Author: admin

МИНИСТЕРОТ САЛИ ПРИСУСТВУВА НА СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА ПО ПОВОД ДОДЕЛУВАЊЕ ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ И ПОВЕЛБА ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Министерот за здравство Беким Сали присуствува на свечена церемонија по повод доделување орден за заслуги и повелба за Република Северна Македонија. Овој настан е во организација на претседателот на државата, Стево Пендаровски во чест на постигнагнатиот успех на национално и меѓународно ниво на годинешните добитници.

СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗАТА – 24 МАРТ

Светскиот ден на туберкулозата се одбележува на 24-ти март, со цел подигнување на јавната свест за застрашувачките здравствени, социјални и економски последици од туберкулозата и за зголемување на напорите да се стави крај на глобалната епидемија на туберкулоза. На 24 март, во 1882 година д-р Роберт Кох објавил дека ја открил бактеријата која предизвикува туберкулоза […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО РЕНДЕВСКИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ ТРИ СТУДИИ НАПРАВЕНИ ВО ДРЖАВАТА НА ПРВАТА СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КОВИД-19 ВО БЕЛГРАД

Заменик министерот за здравство Рендевски презентираше три студии направени во државата на Првата светска конференција за Ковид-19 во БелградОд 26 март во Белград се одржува тридневна Прва светска конференција посветена на борбата против Ковид 19, на која учествуваат еминентни експерти од светот на медицината од целиот свет. На конференцијата има близу 1.000 учесници, повеќе од […]

ГОСТУВАЊЕ НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, Д-Р ВЛАДИМИР РЕНДЕВСКИ ВО СТУДИО 10 НА ТВ 24

МАКЕДОНИЈА Е ВО ЗЕЛЕНА КОВИД ФАЗА, ИМА ВИСОКО НИВО НА ПРЕЛЕЖАНОСТ -Укинувањето на мерките добро е да се базира врз одредени параметри. Откако почна пандемијата, со мерките се движевме паралелно со другите земји. Студиите претставуваат база, на почеток се решаваа мерките емпириски. Во науката за да се преземат конкретни мерки секогаш е добро тоа да […]

МИНИСТЕРОТ БЕКИМ САЛИ ВО СВОЈОТ КАБИНЕТ ПРЕЧЕКА НЕКОЛКУ ДЕЦА СО ДАУНОВ СИНДРОМ.

Денеска, на Меѓународниот ден на Даунов синдром, Министерот за здравство Беким Сали во својот кабинет пречека неколку деца со Даунов синдром.- И покрај ова искушение, тие се полни со енергија, полни со љубов и полни со волја за живот, со што стануваат инспирација за сите нас. Слушајќи ги внимателно нивните желби, ги охрабрив дека Министерството […]

МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ИНТРАХОСПИТАЛНИ ИНФЕКЦИИ ВО НЕГОТИНО ОДРЖА СТРУЧЕН СОСТАНОК СО РАБОТИЛНИЦA

Македонското здружение за интрахоспитални инфекции во Неготино одржа стручен состанок со работилница, на кој учествуваат членовите од комисиите за интрахоспитални инфекции од сите јавни здравствени установи во државата. Состанок го отвори заменик министерот за здравство доц. д-р Владимир Рендевски, кој ја истакна улогата и сериозноста на интрахоспиталните инфекции во продолжување на болничкиот престој, но и […]

РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ БЕКИМ САЛИ СО ДИРЕКТОРОТ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СВЕТСКА БАНКА ВО ЗЕМЈАВА, МАСИМИЛИЈАНО ПАОЛУЧИ

Работна средба на министерот Беким Сали со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи на која се разговараше за имплементацијата на проектот за итно справување со Ковид 19, при што беа истакнати придобивките од користењето на средствата од заемот. Имено, воспоставени се и опремени регионални ковид центри кои овозможија сместување на пациенти […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ЗАЕДНО СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ Д-Р ВЛАДИМИР РЕНДЕВСКИ, ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ДЕНЕСКА ГО ОДБЕЛЕЖАА 12 МАРТ

Заедно со заменик министерот д-р Владимир Рендевски, здравствените работници и Лекарската комора го одбележуваме 12 март – Европскиот ден за подигнување на свесноста за насилството врз здравствените работници.Денеска го ставаме фокусот на несебичната пружена грижа за пациентите која е клучна од првиот ден во справување со пандемијата. Недозволиво е во 21 век да има ситуации […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ ДЕНЕСКА ГО ПРИМИ АМБАСАДОРОТ НА ШПАНИЈА ВО СКОПЈЕ, ХОЗЕ ЛУИС ЛОЗАНО ГАРСИЈА

Министерот за здравство Беким Сали денеска го прими амбасадорот на Шпанија во Скопје, Хозе Луис Лозано Гарсија, со кого разговараше за важни теми за меѓусебната соработка во областа на здравството меѓу нашите две земји. Конкретно се разговараше за формирање работни групи за продлабочување на соработката меѓу двете земји за програмата за трансплантација. На средбата беше […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ ДЕНЕСКА ГО ПРИМИ АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦИЈА ВО СКОПЈЕ СИРИЛ БОМГАРТНЕР.

Министерот Сали се заблагодари на амбасадорот на Франција за досегашната соработка и изрази подготвеност таа да продолжи и во иднина.Тема на средбата беше можноста за специјализации во Франција од областа на анестезиологијата, радиологијата, гинекологијата и педијатријата.Министерот Сали го информираше амбасадорот за посветеноста на Министерството за здравство во борбата против пандемијата Ковид-19, како и за активностите […]