Author: M M

ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНА ЦЕНА НА ГОЛЕМО НА ГЕНЕРИЧКИ ЛЕК

СЕ УТВРДУВА максимална цена на лекот на големо, без вклучен ДДВ и тоа за следните генерики на лекови: НАПОМЕНА: Барањата за усогласувања со новите утврдени максимални цени, носителите на одобренијата треба да ги поднесат до архивата на Министерството за здравство најдоцна до 21.03.2018 година

РЕАКЦИЈА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Во врска со наводните тврдења на поединци дека се избришани одредени содржини од сајтот, Министерството за здравство категорично ги отфрла тврдењата дека од официјалната веб страна на Министерството за здравство се избришани сите информации на албански јазик. Не постои намера ниту пак е укажано податоците на албански јазик од веб страната да се избришат.  

ЈАВЕН ПОВИК

Формулар за аплицирање и формулар за професионална биографија на ангажираните лица за предлог проектот Формулар за професионална биографија Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија”бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/10 и 51/11 “), член 16 став 2 и 3 од Законот […]

СООПШТЕНИЕ ОД МЗ

Министерството за здравство категорично ги отфла информациите пласирани во јавноста дека исчезнало бебе на Клиниката за Гинекологија. Министерството ја информира јавноста дека бебето и мајката се на Клиниката за Гинекологија и нивната здравствена состојба е добра. Истовремено сакаме да информираме дека поднесена е пријава до МВР за насилно однесување против семејството на родилката.  

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Министерство за здравство ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15 годишното момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска предиспозиција. Целиот […]

МЗ ФОРМИРА КОМИСИЈА ЗА СТРУЧЕН НАДЗОР ЗА СМРТТА НА РОДИЛКАТА

Министерот за здравство изразува жалење и истовремено внимателно го следи случајот со починатата родилка. Во насока на целосно и транспарентно информирање на јавноста формирана е комисија со стручни лица од МЗ и ДСЗИ која ќе ги утврди околностите на настанот.

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ УВИД ВО ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА НОВОТО КРИЛО НА СТРМИЧКАТА БОЛНИЦА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска ја посети Општата болница во Струмица и изврши увид во градежните работи на новото крило во оваа ЈЗУ. Новото болничко крило се простира на површина од 6.500 квадратни метри, каде ќе бидат сместени најсовремен Ургентен центар и уште осум болнички одделенија. Во рамки на посетата, министерот Филипче оствари […]

ПРОЕКТОТ „ДОБРЕДОЈДЕ БЕБЕ“ ДОСТАПЕН ВО СИТЕ ПОРОДИЛИШТА ВО ДРЖАВАТА

Заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски, заедно со директорот на Управата за водење матични книги на РМ, Ѓоко Котевски и со претставници од МојТермин денеска ја посетија Општа болница Куманово по повод дисперзија на проектот „Добредојде бебе“ во породилиштата во цела држава, со што младите родители во сите 17 породилишта во држават имаат можност […]

ПОДОБАР И ПОПРЕЦИЗЕН УВИД ВО ТРОШОЦИТЕ И ЈАВНИТЕ НАБАВКИ НА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

Информираме дека Министерството за здравство, со цел подобар и попрецизен увид во трошоците и јавните набавки на јавните здравствени установи, со допис ги информираше сите ЈЗУ дека за сите јавни набавки предвидени во годишниот план за јавни набавки, а кои се уште не се почнати, потребно е установите да побараат стручно мислење од Министерството за […]

ПРОВЕРИ ПА СПОДЕЛИ!

Почитувани, сите сме свесни за негативните последици од ширење лажни вести, посебно во областа на здравството. Министерството за здравство апелира да ја проверите веродостојноста на веста пред да ја споделите.