МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО НАБАВИ АПАРАТ ЗА ДИЈАГНОСТИКА ЗА БОЛЕНИТЕ ОД ВИЛСОН

Тим од Mинистерството за здравство, денеска беше дел од хуманитарната штафетна трка „Подај рака 2019“ како поддршка на заболените од ретката болест Вилсон, која се одржа кај Школка во Градскиот Парк во Скопје.
Министерството за здравство, за првпат годинава успеа да обезбеди апарат со кој се мери количината на бакар која се таложи во црниот дроб, клучно во дијагностиката за ова заболување.
Раната детекција е суштинска во третирањето на оваа болест и во обезбедување нормален живот за пациентите.
Болеста Вилсон предизвикува нарушување во метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес кој се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми.
Сега на овие пациенти им е овозможена рана дијагностика и навремен третман. Подаваме рака на пацинтите со Вилсон и на нивните семејства, но и на сите други кои се борат со ретки болести.

Сподели на:

Related Posts