Новости

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВОВЕДУВАМЕ ТРИ НОВИ ТИПОВИ НА ИНСУЛИН, ЕДЕН ОД НИВ НАМЕНЕТ ЗА ДЕЦАТА

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска зборуваше на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“, во конференциската сала во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на дијабетес – 14 Ноември, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК. Во […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: АКТИВНО РАБОТИМЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО ЗА 5%

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче во вчерашната дебата на 1ТВ посочи дека министерството активно работи на конечно решение на сообраќајниот хаос и паркирањето на Клинички центар, со што ќе се олесни движењето помеѓу кампусот, но и ќе се ослободи улицата Водњанска од сообраќаен метеж. Исто така, беше потенцирано и дека Министерството за здравство […]

ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗА СЕЗОНСКИ ГРИП ПРОДОЛЖУВА ОД ПОНЕДЕЛНИК

Центрите за јавно здравје ќе обезбедат дополнителни количини комерцијални вакцини за сезонски грип. Вакцинацијата за грип продолжува од понеделник, а скопскиот Центар ќе вакцинира и утре (сабота 10.11.2018 година). Министерството за здравство, заедно со Владата на Република Македонија, годинава првпат овозможи 28.000 дози на бесплатна вакцина против сезонски грип за лица над 65 години со […]

СО ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА ЌЕ СЕ ИСПИТА МОЖНОСТА ЗА ПРАВЕЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

Тендерот кој е распишан од страна на Министерството за здравство е отворен на 3.11.2018 година и прибирањето на понудите трае до 14.11.2018 година. Оваа набавка се однесува на прибирање понуда за изработка на физибилити студија и анализа на можности и капацитети на услугата „Брза помош“ и „Домашна посета“. Физибилити студијата треба да покаже дали воопшто […]

ПОВЕЌЕ ТЕРМИНИ ЗА ЛАБОРАТОРИСКИ ПРЕГЛЕДИ И ДИЈАГНОСТИКА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА

Од почетокот на овој месец, ултрасонографскиот кабинет за абдомен на Универзитетската клиника за токсикологија ќе работи секоја сабота, во периодот од 08 до 13:45 часот, а закажувањето на овие прегледи може да го изврши секој матичен лекар преку Националниот електронски систем МојТермин. Исто така, во работните денови, ултрасонографскиот кабинет за абдомен ќе функционира со продолжено […]

ОТВОРЕН УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА КАВАДАРЦИ

Во рамки на Општата болница Кавадaрци, вчера (5.11.2018г.) за првпат беше отворен Ургентен центар. Станува збор за нова, посебна единица при Општата болница, која се состои од приемна амбуланта за прегледи и прифаќање на итни случаи и пациенти кои ќе доаѓаат за време на дежурствата, викендите и за време на празници. Редовните прегледи ќе се […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ПОЧНУВА ОД УТРЕ

Министерот за здравство, Доц. д-р Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција, на која информираше дека вакцинацијата против сезонски грип почнува утре (05.11.2018 година) во сите Центри за јавно здравје во земјава. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини. За првпат годинава, Министерството набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА ОДБРАНА НА VI-ТИ ПЕРИОДИЧЕН ИЗВЕШТАЈ ПО КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНАТА ВО ЖЕНЕВА

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска присуствуваше на одбрана на VI-ти Периодичен Извештај по Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената во Палатата на Нациите, во Женева, Швајцарија. Во состав на делегацијата беше и Министерот за здравство,  д-р Венко Филипче, како и […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО Е ОД КРУЦИЈАЛНА ВАЖНОСТ ЗА ЕКОНОМСКИОТ НАПРЕДОК НА МАКЕДОНИЈА

Министерот за здравство доц.д-р Венко Филипче, денеска беше дел од големата конференција „Развој на човечкиот капитал и економскиот раст во земјите на Западниот Балкан“ во организација на Министерство за финансии и Светска банка, на која имаше свое обраќање, на кое потенцира дека Министерство за здравство е клучно за подобрување на човечкиот капитал во земјата. Инвестирањето […]

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТ ЗА МЕЃУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

Делегација од Министерството за здравство, денеска е на работна средба во Солун, Грција на која се зборува за почеток на имплементација на проект за меѓугранична соработка на Република Македонија и Република Грција, во рамки на ИПА фондовите за прекуграничната соработка. На средбата присуствуваат и претставници од Општа болница во Гевгелија и Клиничката болница од Битола […]