Новости

ТРИБИНА „ИНВЕСТИРАМЕ ВО МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ, ИДНИНАТА НА ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА“

Министерството за здравство денеска организираше трибина на тема „Инвестираме во младите лекари, иднината на здравството во Македонија“, чија цел беше да се слушнат ставовите на специјализантите и да се спречи се поголемиот одлив на лекари надвор од Македонија, но и на друг медицински персонал. Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за […]

Продолжува имплементацијата на Стратегијата за превенција на оралните заболувања кај децата

Mинистерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на манифестација „Здрави заби, блескава насмевка“, која се одржа во ОУ „Петар Поп Аросов“,  каде посочи дека анализата од десетгодишната Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст покажала одлични резултати и дека поради таа причина, слична Стратегија ќе биде имплементирана и во наредните […]

НОВА СЕНЗОРНА СОБА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС

Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје е пуштена во употреба нова сензорна соба наменета за деца кои имаат пречки во развојот. Министерот за здравство, д-р Венко Филипче истакна дека се работи за комплетно реновирани простории со средства од буџетот на институцијата кои досега биле целосно затворени. – Станува збор за […]

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ ТУТУН

Под мотото „Избери здравје, а не тутун“, Министерството за здравство и годинава во соработка со Светската здравствена организација и Институтот за јавно здравје традиционално го одбележува Светскиот ден без тутутн. Со оваа кампања и со заеднички заложби на сите засегнати страни во превенција и намалување на употребата на тутун, можеме многу да постигнеме во унапредување […]

ТРИБИНА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО ТРЕТМАНОТ НА РАК НА КОЖА

Денеска во просториите на Медицинскиот факултет се одржа трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином – ракот на кожата“, во организација на Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Клиниката за онокологија. Министерот за здравство д-р Венко Филипче на трибината истакна дека се работи на проширување на листата на […]

ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА СПОРТСКИ ТРАУМАТИЗАМ ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“

Посттрауматски повреди на професионални спортисти и оние кои се занимаваат со рекреативен спорт ќе бидат третирани во Центарот за спортски трауматизам кој беше отворен во Одделението за ортопедија и трауматологија при Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Министерот д-р Филипче истакна дека ќе има систем за закажување за хронични пациенти, но и итни пациенти кои […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ СПЕЦИЈАЛИСТИ СТОМАТОЛОЗИ

За првпат од воспоставување на мрежата, истата ја прошируваме со склучување на нови договори со заинтересирани ординации во рамки на буџетот со кој располагаме во моментов. Тендерската документација е при крај и слободните места ќе ги објавиме до крајот на следнава недела. Мрежата за ортодонција ќе се прошири со по едно слободно место во сите […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ОДДЕЛ НА УК ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА И ПОЧЕТОК НА НЕСРОДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА МАТИЧНИ ХЕМАТОПОЕТСКИ КЛЕТКИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче ја посети Универзитетската клиника за хематологија каде комплетно е реновиран Одделот за трансплантација.  Во рамки на овој Оддел, првпат во Македонија и пошироко во регионот ќе се извршува несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки, која е една од најсофистицираните тераписки процедури во современата медицина. Пациентите повеќе нема да треба да […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ЈА ПОСЕТИ КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче  ја посети општата болница во Куманово. Тој заедно со раководството на болницата, направи обиколка на одделенијата за хирургија, гинекологија, интерното одделение, детското одделение и физикалната медицина и рехабилитација. Во рамки на посетата се разговараше за предизвиците со кои се соочува оваа јавна здравствена установа  и се истакнаа приоритетите за […]

РЕНОВИРАНА И КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕНА АМБУЛАНТА ВО УРВИЧ, ОПШТИНА БОГОВИЊЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче свечено ја отвори реновираната и комплетно опремена амбуланта која е донација од страна на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА. Тој искажа благодарност за донацијата која е од огромно значење за жителите на Урвич и Боговиње кои ќе добијат здравствени услуги во нова и современа амбуланта. Соработката […]