Соопштенија

НОВ НАЈСОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА Е СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА.

Нов најсовремен систем за компјутерска томографија е ставен во функција на Клиниката за пулмологија. Ова е значително зајакнување на капацитетите на Клиниката, што значи и побрз пристап на пациентите до дијагностичките процедури, истакна министерот за здравство Беким Сали, на денешната промоција на новиот компјутерски центар на Клиниката. Опремата е обезбедена преку ИПА фондовите, во рамки […]

КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СЗО ДЕНЕСКА ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ НАЈНОВИТЕ БИХЕЈВИОРАЛНИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА КОВИД-19 ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Канцеларијата на СЗО денеска ги презентираше најновите бихејвиорални истражувања за Ковид-19 во Северна Македонија, фокусирани на вакцинацијата меѓу општото население, како и меѓу здравствените работници. Министерот за здравство, Беким Сали, присуствуваше на настанот и порача дека наодите од ваквите истражувања се појдовна точка за креирање на политиките и поттикнување позитивни социјални промени.

СЕ ПУШТА ВО УПОТРЕБА РЕНОВИРАНИОТ ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПЕДИЈАТИСКИ КАНЦЕР ПРИ КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

Денес на 7 Април, Светски ден на здравјето се пушта во употреба комлетно реновираното одделение за педијатиски канцер при Клиниката за детски болести кое е единствено во целата држава. Обезбедуваме подобри услови за најмладите пациенти со онколошки болести.Благодарност за поддршката во јавното здравство за компанијата Макстил и менаџментот на Клиниката за детски болести за успешната […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ ДЕНЕС , ИМАШЕ СВОЕ ОБРАЌАЊЕ НА НАСТАНОТ ОРГАНИЗИРАН ОД ДУТ ВО ТЕТОВО

Министерот за здравство Беким Сали денес , во рамки на активностите за одбележување на 7 април – Светски ден на здравјето имаше свое обраќање на настанот организиран од ДУТ во Тетово.- Во насока на стручно доусовршување и надградба на кадарот – првпат тука на Државниот универзитет во Тетово воведуваме нова Програма за специјализација по семејна […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ УЧЕСТВУВАШЕ ВО НАСАТАНОТ НА СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО 7 АПРИЛ

Годинешното мото „Нашата планета, нашето здравје“ нè потсетува на поврзаноста на нашето здравје со грижата за животната средина. Обезбедувањето здрава животна средина значи поздрави луѓе и поздрави поколенија. Потребен е мултисекторски и интегративен пристап за спречување или ублажување на негативните ефекти на животната средина врз здравјето на луѓето, истакна министерот за здравство, Беким Сали, на […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ ИМАШЕ СРЕДБА СО ВРАБОТЕНИТЕ ОД ОДДЕЛОТ ЗА ДАРУВАЊЕ КРВ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА.

Министерот за здравство, д-р Беким Сали денеска имаше средба со вработените од одделот за дарување крв од Институтот за трансфузиона медицина.- Со задоволство ја примив благодарницата и верувам дека и натаму заеднички ќе продолжиме да работиме на унапредување на крводарителството во земјава. Им се заблагодарувам за досегашните заложби и пожртвуваноста, посочи министерот Сали на средбата.

РАБОТЕН СОСТАНОК НА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ И АКУШЕРКИ СО МИНИСТЕРОТ И ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Д-Р САЛИ И Д-Р РЕНДЕВСКИ

Се одржа работна средба на претставници од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Северна Македонија со министерот и заменик министерот за здравство, д-р Сали и д-р Рендевски, на која се разговараше за суштинските прашања од областа на сестринството. Еден од приоритетите е изработката на закон за сестринска дејност со кој би […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО РЕНДЕВСКИ ГО ПОСЕТИ НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СРБИЈА

Заменик министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски, со претставникот на амбасадата на Република С. Македонија во Р. Србија Михаела Велинов го посетија новиот Клинички центар во Србија. Посетата е организирана во рамки на Првата светска конференција за Ковид-19, за запознавање со организацијата на работата и поставеноста на Ургентниот центар со одделите за интензивното одделение и […]

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР, ЈУСУФ ХАСАНИ СО СВОЕ ОБРАЌАЊЕ НА ОБУКАТА ОРГАНИЗИРАНА ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ ОД ЗДРАВСТВОТО

– Здравствениот систем не може да функционира ако ги немаме на време обезбедено потребните средства за работа, ако не функционира правилно системот на човечките ресурси, ако нема кој да укаже на правилата кои произлегуваат од прописите кои се однесуваат на здравствената заштита и здравственото осигурување – заради заштита на правата на осигураните лица, на евиденциите […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ОДРЖА СРЕДБА СО АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР, Д-Р ГЕОРГ ВУЦАС

Министерот за здравство, Беким Сали одржа средба со австрискиот амбасадор, д-р Георг Вуцас.- Продлабочување на соработката во областа на здравството со Австрија и поддршка на нашите инцијативи за унапредување на здравствениот систем, како и помош при евентуална потреба од дополнителни количини вакцини, беа дел од темите на средбата. Исто така, се дискутираше за проектите кои […]