Соопштенија

МИНИСТЕРОТ САЛИ СЕ СРЕТНА ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР, НЕГОВАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА ХИРОНОРИ САВАДА

Со јапонскиот амбасадор, неговата екселенција Хиронори Савада на денешната средба ја потврдивме досегашната одлична соработка и договоривме нејзино продлабочување. За нашата држава поддршката на јапонскиот народ е од огромна важност, посебно во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата на ковид 19 вирусот, а за оваа намена во тек е реализација на грант како помош […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ЈА ПОСЕТИ ТЕТОВСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

Во тетовската клиничка болница, министерот за здравство Беким Сали ги посети пациентите хоспитализирани на инфективното одделение, каде се лекуваат 14 лица. -Медицинскиот персонал ме информираше дека во текот на денешниот ден амбулантски се прегледани 52 пациенти и иако бројот на болни во изминатите денови е зголемен, охрабрува фактот што поголемиот дел од нив се со […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ГО ПОСЕТИ КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Побрзо оздравување на пациентите хоспитализирани во Ковид центарот во велешката болница им посака денеска министерот за здравство, Беким Сали- Продолжуваме одблизу преку ваквите посети и во останатите Ковид центри да им дадеме поддршка и на здравствените работници за пожртвуваноста и борбата за секој човечки живот. Заедничка цел е зголемување на опфатот со вакцинација и почитување […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ГО ПОСЕТИ КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ

Посакувајќи им побрзо закрепнување на хоспитализираните пациенти, денеска, министерот за здравство, Беким Сали го посети Ковид центарот во болницата во Кавадарци. -Здравствените работници во овој, како и во останатите ковид центри го вложуваат својот максимум за да им помогнат и соодветно да ги згрижат болните. Заедно со нив уште еднаш испраќаме апел за важноста на […]

НОВ МОБИЛЕН МАМОГРАФ ИНСТАЛИРАН ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ НЕГОТИНО, ОБЕЗБЕДЕН СО ДОНАЦИЈА ОД ВЛАДАТА НА Р. БУГАРИЈА

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорот на Р. Бугарија во земјава, Ангел Ангелов  денеска присуствуваа на примопредавање на нов мобилен мамограф, чија вредност изнесува 140 илјади евра. -Со ставањето во функција на мобилниот мамограф ја приближуваме оваа дијагностичка процедура до жените и во помалите населени места, бидејќи навременото дијагностицирање канцер на дојка спасува […]

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО СВЕТСКА БАНКА И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Работна средба со директорот на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи одржа денеска министерот Беким Сали. На средбата се разговараше за тековните активности за што поуспешно справување со здравствената криза предизвикана од коронавирусот и зајакнување на капацитетите на системот. Благодарност за досегашната поддршка на СБ за реализација на проектите што се во тек, меѓу кои […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ И ЧЕЛНИЦИТЕ НА ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ СО АПЕЛ – ВАКЦИНАЦИЈАТА Е НАЈДОБРА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

Министерот за здравство Баким Сали се сретна со поглаварите на верските заедници, при што упати порака дека единствена, докажана, најдобра и најсоодветна можност за заштита од вирусот Ковид-19 е токму вакцинацијата. – Во време на пандемија, кога речиси секој од нас е погоден од вирусот, кога дел од нас изгубивме и многу наши драги најблиски, […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ НА АЛБАНИЈА, РЕКА И ЗАМЕНИК-АМБАСАДОРОТ НА САД, МЕЈЕР

Министерот за здравство, Беким Сали се сретна со амбасадорот на Албанија, Н.Е. Фатос Река, на која стана збор за зајакнување на регионалната соработка во јавното здравство, имплементирање на глобалните и европски политики, како и имплементирање на целите за одржлив развој на ОН. На средбата беше договорено натамошно продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот […]

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ НАДГРАДЕНА СО НОВИ ЧЛЕНОВИ – ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЗНАЧЕН Д-Р ПЕТЛИЧКОВСКИ, Д-Р МЕХМЕДОВИЌ ЗА ПОРТПАРОЛ

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа состанок во новиот состав. Комисијата е формирана и надградена, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство, Беким Сали. Проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија и хумана генетика е назначен за претседател на Комисијата, а д-р Злате Мехмедовиќ за нејзин портпарол. Министерот Сали им […]

KАМПАЊА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И РАНО ОТКРИВАЊЕ РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – ЕДЕН ПРЕГЛЕД СПАСУВА ЖИВОТ, ПРЕГЛЕДАЈ СЕ -ЗАШТИТИ СЕ!

Ракот на грлото на матката може да се превенира доколку навреме се открие – Еден преглед спасува живот, прегледај се -заштити се! е мотото под кое се спроведува кампањата за превенција и рано откривање рак на грлото на матката. Освен во јануари, месец кој традиционално е посветен за подигнување на свесноста за борба со цервикалниот […]