ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ХАСАНИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТУДИЈА ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД МЕРКИТЕ ВРЗ ИСХРАНА КАЈ ДЕЦАТА

Државниот секретар во Министерство за здравство, д-р Јусуф Хасани, заедно со претставници од МЗ, присуствуваше на презентација на студијата за „Влијанието на Kовид 19 мерките (карантини и затворање на училиштата) врз навиките на исхрана кај децата“.

На настанот беа презентирани наодите од студијата во однос на квантитативно истражување-теренска анкета со родители и адолесценти, како и квалитативно истражување со фокус групи со граѓаните.

Овој состанок има за цел мултисекторски пристап при верификација на наодите и препораките од анализата. Се дискутираше за следните чекори за подобрување на наодите добиени со анализата, со акцент на подобрување на навиките поврзани со исхраната на децата, како и детектирање на недостатоците и проектирање активности во рамки на здравствениот систем. Студијата е изработена со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД.

Сподели на:

Related Posts