Одржана е првата дерматолошка секција на медицински сестри и техничари при ЗМСТАМ на тема – Спроведување на локална терапија и сестринска нега кај болни со кожни заболувања.
Оваа секција беше добра можност во рамки на која се зацврсти сознанието дека во та секојденевна работа најважна е едукацијата, знаењето и следењето на современите текови на третманите и негата на пациентите.
Притоа, истовремено се потврди значењето и нераскинливата врска на медицинските сестри-техничари во тимското работење:
Теми и предавачи на секцијата беа:
- Токсична епидермална некролиза – Проф. д-р Маргарета Баланбанова Стефанова
- Системска терапија на псоријаза – Прим. д-р сци мед Нина Цаца Биљановска
- Ургентни состојби во дерматологија од сестрински аспект – Дипл. мед. сестра Мартина Николовска
- Нега и современ тераписки третман кај пациенти со Пемфигус вулгарис – Дипл. мед. сестра Емилија Стојановиќ, Мед. сестра Соња Димовска Куљеван
- „Современ третман на сложени рани– Др. Јасна Димитровска Милосавлевска