ПРИСТИГНАА 500 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ „СИНОВАК“

На скопскиот аеродром пристигнаа 500 илјади вакцини набавени од производителот „Синовак“. Вакцините се соодветно складирани во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина, каде има доволно капацитет да се сместат во ладните соби по што се дистрибуирани до пунктовите низ државата, согласно закажаните термини за вакцинација. Ова е најголемо количество вакцини, коешто одеднаш пристигна во нашата држава.

-Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалување на боројот на новозарзени со Ковид-19, и на хоспитализиарани граѓани, за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а мал е бројот на хоспитализирани пациенти и на Инфективната клиника. Изразувам голема благодарност до Владата на Народна Република Кина и кинескиот народ за поддршката која ни ја дадоа во борбата против корона вирусот, посочи државната секретарка на Министерството за здравство, Иванка Стојаноски.

-Светската здравствена организација ја одобри вакцината „Синовак“ за итна употреба на 1 јуни. Како и вакцината „Синофарм“, вакцината „Синовак“, исто така, е инактивирана вакцина. Кина сега вакцинира луѓе на возраст од 3 до 100 години. Во Кина се администрирани над 1,1 милијарда дози. Верувам дека вакцината ќе и помогне на Северна Македонија да изгради имунолошка бариера и да формира цврста линија на одбрана за заштита на животот и здравјето на луѓето, потенцираше амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

Сподели на:

Related Posts