Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција, г-дин Сирил Бомгартнер, на која беше разговарано за можностите за интензивирање на соработката.Министерот Меџити се заблагодари за досегашна соработка, истакнувајќи го значењето на обезбедената техничка помош за поддршка на секторот за трансфузија во РСМ. Резултат на оваа поддршка беше донесувањето на Законот за безбедност на крвта. Беа разгледани актуелните предизвици и приоритети, со цел унапредување на здравствените услуги, за што амбасадорот изрази подготвеност за поддршка.
Related Posts
НОВ АПАРАТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ИДАДИЈА ВО СКОПЈЕ
октомври 3, 2024
ВО КБ ТЕТОВО ПЕТ НОВИ ЛИФТА И САНАЦИЈА НА КРОВНА КОНСТРУКЦИЈА
октомври 2, 2024