ЗА ПРВПАТ ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ДОСТАПНИ ЛЕКОВИ КОН КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ

Граѓаните се задоволни од мерката на Министерството за здравство за укинување на квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава.

За првпат, тие имаат достапни лекови кон крајот на месецот. Со укинувањето на квотите го решивме деценискиот проблем со недостигот на лекови.

 

Во месец август почна првата фаза од укинувањето во аптеките во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија.

На 1 октомври целосно се укинаа квотите и граѓаните на Република Северна Македонија имаат достапни лекови во кој било период од месецот.

Пациентите се нашиот главен фокус во здравствениот систем. Обезбедуваме квалитетни здравствени услуги и лекови согласно потребите на граѓаните.

Со достапни лекови во секое време, како и воведување на нови лекови, вработувања, зголемени плати и дежурства на здравствените работници, со подобрување на условите во јавните здравствени установи, како и максимална грижа за пациентите го враќаме достоинството во јавното здравство, за задоволни пациенти и задоволни здравствени работници.

Share This Article :

Related Posts