Author: Daniela Aleksoska

СРЕДБА МЕЏИТИ – БОМГАРТНЕР

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција, г-дин Сирил Бомгартнер, на која беше разговарано за можностите за интензивирање на соработката.Министерот Меџити се заблагодари за досегашна соработка, истакнувајќи го значењето на обезбедената техничка помош за поддршка на секторот за трансфузија во РСМ. Резултат на оваа поддршка беше донесувањето на […]

СРЕДБА МЕЏИТИ-ШАЉА: ЗАЕДНИЧКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МАСТЕР ПЛАНОТ ЗА ПЕРИНАТАЛНА НЕГА

На денешната средба на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, со шефицата на канцеларија за Фондот на население на Обединетите нации-УНФПА, Афродита Шаља се разви дискусија во поглед на продлабочување на тековната соработка. Во фокусот на оваа средба беше соработката на повеќе полиња, како што се: мајчино здравје, планирање на семејство, рак на грлото на […]

СРЕДБА МАНОЛЕВА-ФИЛИПИДУ: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ГРЦИЈА

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева оствари официјална средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. На средбата се дискутираше за заедничките приоритети од областа на здравството и предизвиците кои ги носи нашиот здравствен систем, како и за можност за интенвизирање на досегашната соработка.

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА СЕ ОБРАТИ НА РАБОТИЛНИЦА ПОСВЕТЕНА НА БЕЗБЕДНОСТА НА ПАЦИЕНТИТЕ

-Безбедноста на пациентите претставува врвен приоритет за Министерството за здравство и поради тоа се стремиме дополнително да го подобриме квалитетот на здравствениот систем. Наш приоритет е да ги ставиме пациентите во центарот на здравствениот систем,  при тоа фокусирајќи се на нивните потреби. На тој начин, ќе се осигураме дека тие ја добиваат најдобрата можна нега […]

СРЕДБА МАНОЛЕВА-ЈОХАНСЕН: ЗНАЧАЈНА Е ПОДДРШКАТА НА СЗО ЗА НАШИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје. На средбата се дискутираше за заедничките приоритети од областа на здравството, согласно Двогодишниот договор за соработка во областа на примарната здравствена заштита, менталното здравје, незаразните болести, […]

МЕЏИТИ-ФИЛИПИДУ:ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ РСМ И ГРЦИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду на која беше разговарано за можностите за интензивирање на соработката преку потпишување договор за здравство и медицински науки, развој на човечките капацитетите преку имплементација на Меѓународниот здравствен правилник. Министерот Меџити се заблагодари за досегашна соработка, истакнувајќи го значењето на […]

БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО АМБАСАДОРОТ НА КОСОВО ЌЕХАЈА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, оствари билатерална средба со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја. На средбата стана збор за продлабочување на соработката во областа на здравството во двете земји и за можностите за намалување на тарифите кои ги плаќаат косовски државјани при користење на јавноздравствените услуги. Исто така беше разговарано за реципрочно намалување […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА НА СРЕДБА СО ПОРАНЕШНАТА ДРЖАВНА СЕКРЕТАРКА Д-Р КУЉАН

Заменик министерката за здравство, асс. д-р Маја Манолева оствари средба со поранешната државна секретарка на Министерството за здравство, прим. д-р Ратка Куљан–Зографска. Средбата е поттикната од фактот дека и двете се жени од фелата, а воедно се и први жени на овие две раководни функции во Министерството за здравство. На средбата се разменија ставови и […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО ДИРЕКТОРОТ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СВЕТСКА БАНКА, ПАОЛУЧИ

Проширување и продлабочување на соработката, со цел унапредување на здравствениот систем на нашата држава, беше во фокусот на денешната средба на министерот за здравство д-р Фатмир Меџити со директорот на канцеларијата на Светска Банка во Република Северна Македонија и Република Косово, Maсимилијано Паолучи. Следен чекор од заедничката соработка е дисеминација на публикација за незаразни болести […]