ПОЧЕТНА

ОБУКИ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА BASIC LIFE SUPPORT

Како резултат на одржаната средба на министерот за здравство, д-р Венко Филипче со Здружението на медицински сестри на Република Македонија, техничари и акушерки на Македонија и Здружението на анестезиолози, неделава стартуваа обуките за медицински сестри за постапување при животозагрозувачки состојби (Basic Life Support), како прв чекор во континуираниот процес на едукација. Во текот на оваа […]

НОВИ ВОЗИЛА ЗА ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА

Државниот секретар во Министерство за здравство, д-р Владимир Милошев денеска ја посети општата болница во Гостивар, по повод предавање во употреба на две нови возила за транспорт на пациенти, обезбедени со поддршка од турската Канцеларија за развој и соработка-ТИКА. Д-р Милошев изрази огромна благодарност во име на Министерството за здравство до турската Канцеларија за развој […]

ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА ВО СОФИЈА, НА НЕФОРМАЛНА МИНИСТЕРСКА СРЕДБА НА МИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО ОД ЕУ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче престојува на официјална посета во Софија, Република Бугарија, каде учествува на неформална министерска средба на министрите за здравство од Европска Унија, на покана од бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев.  Ова е прва ваква покана, како и присуство на министер за здравство од Република Македонија на состанок со министрите […]

ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА Кандидатот за национален координатор за трансплантација, согласно член 55 од Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување (Службен весник на РМ 47/2011, 136/2011, 91/2013, 164/2013, 27/2014, 112/2014, 144/2014, 124/2015, 149/2015 и 37/2016), треба […]

ОДРЖАН БРИФИНГ ПО ПОВОД ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈАТА

Во Министерството за здравство се одржа стручен брифинг за најава на претстојните активности за одбележување на Европската недела на имунизација. Централниот настан по тој повод ќе се одржи во сабота 21 април), во Градски парк, на бина-Школка, со почеток во 12 часот.  На овој забавно-едукативен настан ќе учествуваат деца од градинките и училиштата од Скопје, […]

КОНФЕРЕНЦИЈА ВО САРАЕВО ПОСВЕТЕНА НА ДЕМЕНЦИЈА ВО РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска се обрати на конференција посветена на деменција во регионот на Западен Балкан, која се одржува во Сараево. Конференцијата е во организација на Светската здравствена организација и Меѓународната асоцијација за Алцхајмер. Д-р Милошев потенцираше дека Министерството за здравство како клучен чинител во оваа сфера, во рамки […]

РАЗГОВОРИ СО СВЕТСКА БАНКА ЗА ПЛАНИРАНИТЕ ПРОЕКТИ И РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Во текот на денешниот ден се одржа конференциска врска помеѓу министерот за здравство и претставници на Светската банка, при што е разговарано за планираните проекти и реформи во здравството. Од Светската банка, добиена е поддршка за процесите на реформа во легислативата и потврда за правилно планирање на предвидените промени во делот на здравствени реформи.

СРЕДБА СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ И АКУШЕРКИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на која е договорена соработка на полето на едукации. Остварена е заедничка соработка помеѓу Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и Здружението на анестезиолози за континуиран процес на обука и спроведување едукација за медицинските сестри која треба […]

ПОТПИШАН АНЕКС НА НОВИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центар, д-р Горан Беговиќ и претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, д-р Љубиша Каранфиловски денеска потпишаа анекс на новиот колективен договор за зголемување на додатокот на плата за прекувремена работа, работа ноќе и работа на дежурство. Според […]

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ХЕМОФИЛИЈА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев денеска присуствуваше на настан по повод одбележување на Денот на хемофилија и 20-годишниот јубилеј на здружението Хемолог. Д-р Милошев потенцираше дека Министерството за здравство секоја година донесува посебна Програма за обезбедување на трошоците за болни кои се третираат со дијализа и активности за пациентите со хемофилија во […]