Новости

ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ – СТРУМИЦА ДОБИ ДОНАЦИЈА – ВОЗИЛО ЗА ДОМАШНА НЕГА ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

ЈЗУ Здравствен Дом-Струмица, денеска доби донација – возило за домашна нега од Министерството за здравство и граѓанското здружение „Сано“. Станува збор за донација на возило кое ќе биде употребено за домашна нега на хронично болни пациенти и лица од социјален ризик, на населени места кадешто нема матични лекари. Донацијата ја предаде министерот за здравство Доц. […]

ВАКЦИНИТЕ СЕ БЕЗБЕДНИ И СЕ ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕВЕНТИВНА МЕРКА СО КОЈА СЕ ЗАШТИТУВААТ ДЕЦАТА ОД МОРБИЛИ (МАЛИ СИПАНИЦИ)

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација и д-р Лилјана Ристовска-Деспотовска, виш инспектор во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денеска одржаа заедничка прес-конференција, на која информираа дека се преземени итни и неопходни мерки за да се спречи понатамошното […]

ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ (МАЛИ СИПАНИЦИ) ВО НАСЕЛБАТА РАДИШАНИ

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство донесе одлука најмалку две недели да се затвори градинката во скопската населба Радишани, каде пет деца се заразиле со морбили (мали сипаници). Во моментов се регистрирани шест заболени лица, пет се деца од предучилишна возраст и еден возрасен маж. Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче изјави […]

КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО ПО 15 ГОДИНИ СО СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ И НОВИ АПАРАТИ ЗА АНЕСТЕЗИЈА

По 15 години, Универзитетската клиника за уво, нос и грло, во Скопје, набави современа опрема за хируршки интервенции, како и нови апарати за анестезија. Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека со набавката на оваа нова софистицирана опрема, и обуките кои клиниката ги изведува секојдневно, Република Македонија ќе се вброи во редот на […]

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО И КЛИНИКАТА ЗА ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА СО КАМПАЊА „ПЕТАРДИТЕ ГИ УНИШТУВААТ ПРАЗНИЦИТЕ“

Министерството за здравство и Клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, спроведуваат кампања под мотото „Петардите ги уништуваат празниците“, со цел децата да ги заштитиме од повредите стекнати од ексползивни и пиротехнички средства, вклучувајќи и петарди. Целта на оваа кампања е да ги запознаеме и едуцираме учениците од основните училишта за ризикот од употребата […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ – ВРЕМЕНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЛЕК

Министерството за здравство доби известување од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства со кое укажуваат на донесена одука за времено стопирање на употребата на лекот Medaxone (ceftriaxone) 2 g прашок за раствор за инјектирање или инфузија на производителот Medochemie Ltd – Кипар, заради појава на сериозни несакани реакции. Од Ваша страна потребно е […]

КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ ДОБИ ДОНАЦИЈА – ЦЕНТРАЛИЗИРАН МОНИТОРИНГ СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ВИТАЛНИТЕ КАРДИОЛОШКИ И БЕЛОДРОБНИ ФУНКЦИИ КАЈ НАЈМЛАДИТЕ ПАЦИЕНТИ

Универзитетската Клиника за детски болести, денеска доби донација од организацијата „Проект Хоуп“ (Project Hope) – централизиран мониторинг систем за следење на виталните кардиолошки и белодробни функции кај најмладите пациенти. Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче изрази голема благодарност за донацијата, со која се олеснува работата на медицинскиот кадар, но најмногу им олеснува на нашите […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГИ ПОСЕТИ ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО БОЛНИЦАТА ВО ЛЕСКОВАЦ

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, по информациите за сообраќајната незгода која се случи денеска во близина на градот Лесковац во Србија, во која настрадаа македонски граѓани, вечерва, пристигна во болницата каде се сместени дел од повредените. Министерот Филипче кој имаше непосредна средба со повредените, но и со лекарите од болницата, изрази благодарност за […]

Отворено второто Роса школо за родителство во општата болница Гостивар

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса денеска присуствуваше на отворањето на Роса школа за родителство во општата болница Гостивар. Во својот поздравен говор тој истакна дека отворањето на школата за родителство во Општата болница во Гостивар претставува ново место за едукација и обука на сите заинтересирани идни мајки и родители. Министерството за здравство, заедно […]

ДЕБАТА НА СТРУЧНАТА ЈАВНОСТ, ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ И ПЕТРОВЕЦ И МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ЗА ИЗБОРОТ ЗА ЛОКАЦИЈА НА НОВ КЛИНИЧКИ КАМПУС

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, по оддржаната дебата во Собранието на Република Македонија за можните локации за изградба на нов Универзитетски клинички центар, ги повика денеска на средба општините и стручната јавност. Целта на собирот беше да се запознае стручната јавност дека, освен локацијата предвидена со Генералниот урбанистички план на Скопје за потребите […]