Новости

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА ВО ПОСЕТА НА СБ ОТЕШЕВО

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева денес беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница Отешево каде пристигна вториот дел од донацијата од Луксембург од letzcare a.s.b.l која се состои од комплетен болнички инвентар за болницата. Д-р Манолева  при посетата оствари средба и со донаторите од Луксембург и менаџерскиот тим на ЈЗУ  Специјализирана болница Отешево.

ПРЕЗЕНТИРАНА ПЛАТФОРМАТА Е-ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство предводено од д-р Фатмир Меџити,  денес одржа јавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“, изработена од Управата за електронско здравство, со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД. -На новата платформа Е-Здравство, што ќе биде официјален сајт на Управата за електронско здравство „Мој Термин„ ќе бидат достапни сите информации и новости поврзани со дигиталните процеси. Ова […]

НАЦИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА НА ЕУ ВО РСМ

Национална конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија – на настанот учествуваше заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева која истакна дека Министерството за здравство, во соработка со Управата за електронско здравство и Фондот за здравствено осигурување, постојано работи на дигитализација на процесите во здравството преку постојана надградба на електронските системи и воведување на нови […]

СРЕДБА МЕЏИТИ – БОМГАРТНЕР

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција, г-дин Сирил Бомгартнер, на која беше разговарано за можностите за интензивирање на соработката.Министерот Меџити се заблагодари за досегашна соработка, истакнувајќи го значењето на обезбедената техничка помош за поддршка на секторот за трансфузија во РСМ. Резултат на оваа поддршка беше донесувањето на […]

СРЕДБА МАНОЛЕВА-ФИЛИПИДУ: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ГРЦИЈА

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева оствари официјална средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. На средбата се дискутираше за заедничките приоритети од областа на здравството и предизвиците кои ги носи нашиот здравствен систем, како и за можност за интенвизирање на досегашната соработка.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЗДРУЖЕНИЈА И ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЈА КОИШТО ЌЕ СПРОВЕДУВААТ АКТИВНОСТИ УТВРДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ХИВ ИНФЕКЦИЈА ВО РСМ ЗА 2023 ГОДИНА

Врз основа на член 16 ставови (2) и (3) од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19,  153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22 и 236/22), а во […]

СРЕДБА МАНОЛЕВА-ЈОХАНСЕН: ЗНАЧАЈНА Е ПОДДРШКАТА НА СЗО ЗА НАШИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје. На средбата се дискутираше за заедничките приоритети од областа на здравството, согласно Двогодишниот договор за соработка во областа на примарната здравствена заштита, менталното здравје, незаразните болести, […]

МЕЏИТИ-ФИЛИПИДУ:ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ РСМ И ГРЦИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду на која беше разговарано за можностите за интензивирање на соработката преку потпишување договор за здравство и медицински науки, развој на човечките капацитетите преку имплементација на Меѓународниот здравствен правилник. Министерот Меџити се заблагодари за досегашна соработка, истакнувајќи го значењето на […]

БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО АМБАСАДОРОТ НА КОСОВО ЌЕХАЈА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, оствари билатерална средба со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја. На средбата стана збор за продлабочување на соработката во областа на здравството во двете земји и за можностите за намалување на тарифите кои ги плаќаат косовски државјани при користење на јавноздравствените услуги. Исто така беше разговарано за реципрочно намалување […]