Соопштенија

РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ БЕКИМ САЛИ СО ДИРЕКТОРОТ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СВЕТСКА БАНКА ВО ЗЕМЈАВА, МАСИМИЛИЈАНО ПАОЛУЧИ

Работна средба на министерот Беким Сали со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи на која се разговараше за имплементацијата на проектот за итно справување со Ковид 19, при што беа истакнати придобивките од користењето на средствата од заемот. Имено, воспоставени се и опремени регионални ковид центри кои овозможија сместување на пациенти […]

ЈАВЕН ПОВИК – ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ХИВ ИНФЕКЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2022 ГОДИНА

Врз основа на член 16 ставови (2) и (3) од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19,  153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21 и 178/21), а во врска со […]

СО ЈАПОНСКИ ГРАНТ ОБЕЗБЕДЕНА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ, ИНФЕКТИВНА И ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“

Министерот за здравство, Беким Сали, денеска ја посети Клиниката за хируршки болести, заедно со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, и амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада, по повод обезбедена нова медицинска опрема од социо-економскиот грант од Јапонија. Станува збор за опрема за третман на пациенти пост-ковид, која се состои од дефибрилатори, електрокардиограми, […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ЗАЕДНО СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ Д-Р ВЛАДИМИР РЕНДЕВСКИ, ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ДЕНЕСКА ГО ОДБЕЛЕЖАА 12 МАРТ

Заедно со заменик министерот д-р Владимир Рендевски, здравствените работници и Лекарската комора го одбележуваме 12 март – Европскиот ден за подигнување на свесноста за насилството врз здравствените работници.Денеска го ставаме фокусот на несебичната пружена грижа за пациентите која е клучна од првиот ден во справување со пандемијата. Недозволиво е во 21 век да има ситуации […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ ДЕНЕСКА ГО ПРИМИ АМБАСАДОРОТ НА ШПАНИЈА ВО СКОПЈЕ, ХОЗЕ ЛУИС ЛОЗАНО ГАРСИЈА

Министерот за здравство Беким Сали денеска го прими амбасадорот на Шпанија во Скопје, Хозе Луис Лозано Гарсија, со кого разговараше за важни теми за меѓусебната соработка во областа на здравството меѓу нашите две земји. Конкретно се разговараше за формирање работни групи за продлабочување на соработката меѓу двете земји за програмата за трансплантација. На средбата беше […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ ДЕНЕСКА ГО ПРИМИ АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦИЈА ВО СКОПЈЕ СИРИЛ БОМГАРТНЕР.

Министерот Сали се заблагодари на амбасадорот на Франција за досегашната соработка и изрази подготвеност таа да продолжи и во иднина.Тема на средбата беше можноста за специјализации во Франција од областа на анестезиологијата, радиологијата, гинекологијата и педијатријата.Министерот Сали го информираше амбасадорот за посветеноста на Министерството за здравство во борбата против пандемијата Ковид-19, како и за активностите […]

ДЕНЕС СЕ ОДРЖА РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ Д-Р БЕКИМ САЛИ, ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ Д-Р ВЛАДИМИР РЕНДЕВСКИ СО ПРОФЕСОРИТЕ ОД МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ПРОФ. Д-Р ЛАЗЕ ТОДОРОВИЌ ОД КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА И ПРОФ. Д-Р ЗОРАН БОЖИНОВСКИ

Денес се одржа работна средба на министерот д-р Беким Сали, заменик министерот д-р Владимир Рендевски со професорите од Медицински факултет во Скопје, проф. д-р Лазе Тодоровиќ од Клиниката за детска хирургија и проф. д-р Зоран Божиновски од Клиниката за ортопедија.На средбата беше разговарано за предлог проектот за современ хируршки пристап во лекување пациенти со церебрална […]

ОРГАНИЗИРАН СКРИНИНГ ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА – ПРИЈАВУВАЊЕ ПРЕКУ ВЕБ ПЛАТФОРМАТА SKRINING.MK

Во рамки на заложбите на Министерството за здравство за заштита на женското здравје, токму на Меѓународниот ден на жената информираме дека почнуваме со организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка.  За закажување превентивен преглед за рана детекција на рак на грлото на матката од денеска е достапна веб платформата skrining.mk.   Со организиран […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ИМАШЕ СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА ХРВАТСКА, НИВЕС ТИГАЊ.

Размена на искуства во областа на трансплантација помеѓу нашата држава и Хрватска, како и обука на здравствени работници во неколку области на здравството беа клучните точки на денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ. Овој тип средби за нас се од исклучително значење, особено земајќи ја во предвид […]

КАМПАЊА ЗА ИМУНИЗАЦИЈА НА РИЗИЧНИ ГРУПИ ПРОТИВ ТЕШКА ФОРМА НА КОВИД-19 – ЗА ДВА ДЕНА ВАКЦИНИРАНИ 1.500 ЛИЦА

Во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, за два дена се вакцинирани над 1.500 лица (со прва и трета доза).   Преку СМС пораки ги повикуваме лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со […]