КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕПОРАЧА ДА ПРОДОЛЖАТ ДОСЕГАШНИТЕ МЕРКИ ЗА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ И ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок препорача да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од натамошно ширење на КОВИД-19 вирусот.

Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.
Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Во овој момент, здравствената ситуација со КОВИД-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.

Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати.

Сподели на:

Related Posts