Министерот за здравство, д-р Венко Филипче се сретна со новоназначениот амбасадор на Јапонија, неговата екселенција Хиронори Савада. Ова беше прва средба на министерот со новиот амбасадор.
На средбата се разговараше за актуелната ситуација со пандемијата со Ковид-19 во нашата држава и во Јапонија и за долгогодишната успешна соработка меѓу двете држави. Се разговараше и во врска со потпишувањето на договорот помеѓу Амбасадата на Јапонија и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби што ќе се одржи на 4-ти февруари.
Донацијата од 65,801 евра за машина за рециклирање медицински отпад е во рамките на „Грант програмата за мали проекти и човекова безбедност (GGP)“. Програмата за мали проекти кај нас е активна од 1996 година и секоја година овозможува помош за јавни здравствени институции, основни училишта, градинки и општини. Фокусот, годинава, ќе биде единствено на јавните здравствени установи.
Министерот се заблагодари на амбасадорот за грантот што Јапонија го додели на Република Северна Македонија како помош за справување со пандемијата со Ковид-19, во износ од 1 милион јапонски јени за набавка на медицинска опрема