Author: Daniela Aleksoska

НОВИ ДОКУМЕНТИ НА ВЕБ СТРАНАТА ЗА ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ

На веб страницата на Министерството за здравство за првпат се објавени и достапни повеќе документи и информации од јавен карактер, со цел унапредување на транспарентноста и отчетноста, а согласно одлуката на 34. седница на Владата со која институциите се задолжуваат јавно, преку официјалните веб страници да објават документи од делокругот на работа. Објавените документи се […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

Министерството за здравство за заштита на населението од ХИВ инфекција за 2017 година има обезбедено вкупно 27.000.000 денари, додека буџетот за 2018 година е значително поголем, односно изнесува 95.000.000 денари. Се планира околу 40.000.000 денари да ги покријат трошоците за АРВ терапија, додека останатите средства од овие 95 милиони се за превентивни активности на здравствените […]

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ ОД КОИ СЕ НАБАВУВААТ ВАКЦИНИ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА НА ДЕЦАТА

Почитувани, со оглед дека секојдневно добиваме прашања од родители поврзани со вакцините, во продолжение ги објавуваме земјите од кои се набавуваат вакцините кои се употребуваат за имунизација на децата во РМ.

ОБУКИ ЗА НАЈНОВИ МЕТОДИ ЗА КЛИНИЧКА ДИЈАГНОСТИКА

Денеска во хотел „Александар Палас“ во Скопје, заменик министерот за здравство д-р Гоце Чакаровски ги поздрави присутните гинеколози, акушери, педијатри, неонатолози, интензивисти и медицински сестри од цела држава, кои се дел од обуките што се одржуваат во следните неколку дена за најнови методи за клиничка дијагностика, за пред и постнатална грижа. Обуките ги одржуваат истакнати […]

ЗАЕДНИЧКО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛАТА ЗА ГРИЖА НА СТАРИ ЛИЦА

Одржана заедничка прес конференција на Црвен крст на РМ, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика и амбасадата на Република Австрија, во рамки на одбележување на неделата за грижа за стари лица. Имајќи го во предвид глобалниот тренд на продолжување на животниот век, Министерството за здравство ја поддржува иницијативата за отворање сервиси за […]

ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА УПОТРЕБА НА ПСИХОАКТИВНИ СУПСТАНЦИ

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска се обрати на прес конференцијата на која беа презентирани резултати од истражувањето за употреба на психоактивни супстанци кај општата популација во Република Македонија. Станува збор за глобално популациско истражување кое за првпат се спроведе во Република Македонија, а се однесува на состојбите со употребата на […]

СОВЕТУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ

Од 09 до 11.11.2017 година во Хотел „Дрим“ Струга се одржа 34-то советување – обука на вработените од здравството, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и други во организација на Здружението на правниците од здравството на Република Македонија. Согласно програмата на советувањето, советувањето беше отворено со излагањето на дипл.правник м-р Михајло Костовски, советник во Министерството […]

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА МАЈКИТЕ И НОВОРОДЕНЧИЊАТА

Денеска, заменик министерот за здравство д-р Гоце Чакаровски ги поздрави присутните на редовниот годишен состанок на Здружението на неонатолози на Република Македонија. На дневен ред беа актуелните теми за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата.

СВЕТСКА НЕДЕЛА ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ

Во рамки на одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици, денеска заменик министерот за здравство д-р Гоце Чакаровски се обрати на Третиот симпозиум за Здружението на специјалисти по семејна медицина. Република Македонија се приклучи на повикот на СЗО за организацијата на Светската недела за рационална употреба на антибиотици во период од 13-19 ноември, […]

ЗЛОУПОТРЕБЕНО ЛОГОТО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство информира дека се лажни информациите на следната веб страница (http://live365.services/go/click.php?key=kixx5slmpob7icmdbyj8) Станува збор за злоупотреба на логото на Министерството за здравство. Министерството во соработка со МВР веќе презема активности за идентификување на изворот и уште еднаш напоменуваме дека не станува збор за официјална веб страница на министерството .